Македонскиот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески и рускиот заменик-министер за финансии, Дмитриј Панкин, викендов во Санкт Петербург го потпишаа договорот за подмирување на рускиот клириншки долг кон Македонија. Со договорот, кој го регулира подмирувањето на долгот на некогашниот Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, Македонија добива 60 милиони американски долари, што ќе бидат искористени за реализација на проектот за гасификација на земјата. Со потпишувањето на овој договор се затвора едно децениско прашање што ги оптоваруваше односите во економскиот дел. Верувам дека сега со тоа ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Министерот за финансии истакна дека со тоа се зголемува можноста за соработка со Русија, особено со енергетскиот гигант „Газпром“, кој ќе помогне побрзо да се реализира проектот за гасификација.
Македонскиот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески и рускиот заменик-министер за финансии, Дмитриј Панкин, викендов во Санкт Петербург го потпишаа договорот за подмирување на рускиот клириншки долг кон Македонија.
Со договорот, кој го регулира подмирувањето на долгот на некогашниот Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, Македонија добива 60 милиони американски долари, што ќе бидат искористени за реализација на проектот за гасификација на земјата.
- Со потпишувањето на овој договор се затвора едно децениско прашање што ги оптоваруваше односите во економскиот дел. Верувам дека сега со тоа ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји - изјави Ставрески по церемонијата на потпишување на спогодбата.
Министерот за финансии истакна дека со тоа се зголемува можноста за соработка со Русија, особено со енергетскиот гигант „Газпром“, кој ќе помогне побрзо да се реализира проектот за гасификација.
Реализација на вкупниот проект за гасификација на Македонија чини 300 милиони евра, од кои во првата фаза со средствата од клириншкиот долг и од македонската Влада ќе бидат обезбедени 62 милиона евра.